by v1ktor

Slides
42 slides

Bilateralni spogodbi Prezentacija 18.06.2014.pptx

Published Jun 18, 2014 in
Direct Link :

Bilateralni spogodbi Prezentacija 18.06.2014.pptx... Read more

Read less


Comments

comments powered by Disqus

Presentation Slides & Transcript

Presentation Slides & Transcript

БИЛАТЕРАЛНИ СПОГОДБИ 2014практична применаИЗРАБОТИЛ : Муратовска Биљана17.06.2014 Скопје

Општи одредби: 1. Носител на дозвола е моторното влечно возило,2. Во спрег од возила со различни регистарски ознаки (две држави), носител на дозволата е влечното моторно возило,3. Дозволите не се преносливи и се користат само за едно возило, по исклучок на поединечни транспортни дозволи кои се издаваат со важност за една календарска година,4. Каботажа е најстрого забранета, а може да се врши со посебна дозвола издадена од надлежен орган,5. За дозвола која целосно не е пополнета и не е заверена на пропишан начин се смета дека возилото нема соодветна дозвола и непрописно врши превоз на стока, 6. Дозволите важат за еден превоз во одење и враќање, со исклучок на австриски универзални дозволи кои можат да важат или за два превози во одење или за два превози во враќање. Дозволите разменети со Молдова важат само за еден превоз во одење или враќање, за вршење на превоз за или од Молдова мора да се има две дозволи во возилото.

Општи одредби: 7. Дозволи со ознака на еуро стандардот на возилото или генерално “зелена“ дозвола се користи со возило кое ги исполнува ЕКМТ условите и мора во возилото да има ЕКМТ сертификат и за влечното и за приклучното возило (бела боја) како и Сертификат од производителот или заверен од овластен орган (зелена боја), за приклучното возило сертификат од производителот или заверен од овластен орган (жолта боја).8. Дозволите важат во тековната година за која се издадени и до 31.01. наредната година, со исклучок на дозволите за Шпанија и Франција.9. Транспортните дозволи за превоз на стока не ги ослободуваат превозниците од обврската да поседуваат посебни дозволи за вонреден превоз и за превоз на радиоактивни стоки.10. Терминот за еден превоз наведен во дозволите на кои на предната страна има стрелки во два правци значи дозвола за превоз на стока во одење и превоз на стока во враќање, но овие два превоза мора да се вршат последователно, што значи во најдолг период од користење на дозволите од 15 до 30 дена, доколку возилото предходно не се вратило во конкретната држава со друг вид на дозвола или по некој друг пат го завршило повратното патување.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈАСо Австрија се разменуваат во реципроцитет следните поединечни транспортни дозволи: 1.Билетерални (за и од трета земја) со определен еуро стандард на возилата. Овие дозволи се користат за утовар и истовар на стока од Македонија за Австрија и обратно или можен е утовар на стока од друга држава за Австрија или од Австрија, само доколку се транзитира сопствената држава - во овој случај дозволата се трансформира во дозвола за и од трета земја. Можат да ја користат возила со ист еуро стандард или повиско од наведениот во дозволата.   Дозволите во МТВ се враќаат во рок од 60 дена од подигање на истите. Пример: Од Бугарија се товара за Австрија и притоа се транзитира Р.Македонија и за истото има доказ во возилото (пропратница, печат во ТИР карнет, и др.документ кој би докажал дека е транзитирана сопствената држава, во обратен правец значи превоз по вообичаен пат за тешки товарни возила кој укажува дека задолжително ќе се транзитира матичната држава). Односно Австриски превозник товара стока од Германија за Македонија.  

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА 2.Универзални со определен еуро стандард на возилата. Дозволата може да се користи како транзитна, билетерална или како дозвола за и од трета земја доколку се транзитира сопствената држава( исто како со билатерална дозвола). Каков вид дозвола ќе биде се дефинира со првото користење на дозволата (ако е искористена во одење како транзитна и во повратниот превоз мора да се искористи како транзитна), При збирен превоз на стока во кој случај едната стока е товарена од Македонија за Австрија, а другата е за Германија , мора да се искористат две дозволи поединечно и тоа билатерална дозвола за стока од МК за А и универзална дозвола за транзитен превоз на стока на релација од МК за Д ( или две универзални дозволи) истото важи и за збирна стока товарена од друга држава за Австрија и соседна држава како Германија, Холандија и сл., се користат две универзални дозволи и тоа една дозвола во својство на дозвола за и од трета земја при што мора да се транзитира територија на Р.Македонија и една во својство на транзитна дозвола за стоката која се превезува во друга држава како Германија, Холандија и сл . Дозволите согласно билатералната спогодба можат да се користат за два превоза ,при тоа може да се работи за одење и враќање, за две одења или за две враќања со полни односно празни возила, но не подолго од 30 дена.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА Пример : Ја транзитирате Австрија за Германија и ја користите универзалната дозвола за влезно возење, на враќање одите преку Чешка и Словачка и Ви останува половина неискористена универзална дозвола. Доколку во рок од 30 дена имате уште еден превоз за транзит преку Австрија во одење према Германија тоа може да го направите со истата дозвола или обратно да ја искористите за две возења во враќање од Германија.(Пример: д о Германија одите преку Чешка, а се враќате преку Австрија,) значи овој вид на дозвола може да се користи за два превоза во одење ИЛИ во враќање или класично за по еден превоз во одење и враќање. Без разлика дали возилото е празно или натоварено со стока мора да поседува поединечна транспортна дозвола.   Дозволите во МТВ се враќаат во рок од 60 дена од подигање на истите. ПРЕВОЗ СО ВОЗ – “Окомби“ Во случај на недостаток на поединечни транспортни дозволи, превозот на стока во транзит и билетерала (70 км во круг од железничка станица) се врши со воз за товарни моторни возила. Како бонус за превози на товарните моторни возила извршени со воз (2+2) се добива една универзална бонусна дозвола за конкретниот превозник (бесплатно)   Поединечните транспортни дозволи од основниот контигент важат до 31.01. во наредната година, а бонусните дозволи за користење на воз важат до 31.03. во наредната година.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈАДозволите мора да бидат во целост пополнети пред започнување на превозот при што називот на граничниот премин и датата на влегување може да бидат запишани и рачно со пенкало или да се искористи апарат за автоматско евидентирање. Билетералните и Универзалните дозволи се прецизираат за каков вид на превоз се работи со означување на поле кое е дадено пред називите Loco/Drittland и Transit исто така однапред мора да ги пополните и полињата дадени пред зборовите Јавен превоз или за сопствени потреби во зависност од лиценцата која ја имате за вршење на дејност или празни возења.во квадратот над називот на превозникот ( за прво и посебно за второ возење – има по два квадрати за секој назив пооделно). Во квадратот под регистарската таблица на возилото каде се впишуваат комплетни регистарски ознаки и на влекач и на приклучно возило, се наведува во Тони носивоста на возилото , а под тоа поле вкупната дозволена маса односно 40 Т за тро осовински приколици или дуплаци ( 2+3 или 3+2 осовини и повеќе) во новите сообраќајни дозволи дадени ви се податоци за овие две големини ( корисна носивост и вкупно дозволена маса).ПОПОЛНУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА ПРЕВОЗИ НА СТОКА ОСЛОБОДЕНИ ОД РЕЖИМ НА ДОЗВОЛИ :повремен транспорт на стоки до и од аеродром, ако дошло до пренасочување кај воздухопловните служби;транспорт на оштетени возила или возила кои треба да бидат поправени, како и возењата на возилото за поправки ;превоз на лешеви ;транспорт на уметнички предмети кои не се наменети за продажба, туку за изложби,саеми или други некомерцијални намени; транспорт на апарати,прибор и животни ненаменети за продажба,за или од театарски, музички, филмски, спортски и циркуски манифестации, изложби, панаѓури или саеми како и за или од тонски (радио), Филмски или ТВ

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА 6. превоз на медицински и други стоки за снабдување и опрема заради укажување помош во итни случаи,посебно во случај на природни несреќи и превоз на стоки за хуманитарни цели; 7. празно возење на возило кое се користи во товарниот сообраќај, а треба да замени товарно возило кое отпаднало од сообраќај во друга држава, а не во државата во која е регистрирано, како и за продолжување на транспортот со возилото за замена врз основа на дозволата дадена за возилото кое отпаднало од сообраќај; возила за техничка помош за поправка на расипани возила (сервисно-ремонтни возила); 8. транспорт на резервни делови за морски бродови и авиони и 9. превоз на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајќи ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајќи ја и приколката;За превозите ослободени од дозволи возачот во возилото треба да имадокументи и други исправи од кои може да се види дека станува збор за еденод наведените превози. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈАЛиберална зона( без дозволи )Околу железничкиот терминал ВЕЛС има либерална зона во радиус од 70 км пред или по користење на РОЛА систем на превоз на возила со воз – утовар или истовар на стока без дозволи.Воспоставен е либерален коридори од жележничкиот терминал во Салзбург, Велс и Вергл до германската граница и обратно и од Бренер до италијанска граница и обратно по и пред користење на РОЛА железнички превоз на возила, напуштање на коридорот не е дозволено. Во Субен овозможено е царинење на стока исто како и во Никелсдорф.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА Превозот на стока со Албанија за билетерала и транзит е либерален – безупотреба на дозволи. Со Албанија се разменуваат само дозволи за и од трета земја кои важатзаклучно со 31.01. во наредната година. Дозволите важат за еден превоз во одење и во враќање .Дозволи за и од трета земја не се потребни во случаи кога се превезува:1. стока и опрема за саеми и изложби,2. театарски реквизити за декорации и прибор,3. музички инструменти и опрема за аудио или телевизиски емисии или за снимање филмови,4. коњи за трки,возила или друга спортска опрема наменета за спортски натпревари,5. оштетени возила,6. подвижен имот за домаќинство,

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА7. посмртни остатоци,8. превоз на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајќи ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајќи ја и приколката;9. транспорт за хуманитарна помош или природни катастрофи,10. влекач регистриран на територија на една од договорените страни кога влече приколка регистрирана во трета земја, ако приколката поседува дозвола издадена од земјата во која приколката е регистрирана, врз основа на билатерална спогодба меѓу една од договорните страни и земјата во која приколката е регистрирана. Ваквиот превоз кога е во транзит се врши без дозвола.11. други транспорти во согласност со препораките на ЕКМТ12. Либерализиран транспорт – препораки на ЕКМТ ( дополнување на листа)Со цел да се олесни меѓународниот транспорт во земјите-членки на ЕКМТ и да сепостигне подобро користење на возилата, следните категории на транспорт сеизземени од барањата за мултилатерални и билатерални транспортни дозволи(види TRANS/SC.1/2002/Rev.4,p.16):

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈАТранспорт на стока со моторни возила чија Вкупно дозволена тежина на оптоварување, заедно со приколките, не надминува 6 тона, или кога дозволената корисна носивост, вклучувајќи ги приколките, не надминува 3.5 тона .Повремен транспорт на стока, до или од аеродроми, во случаите каде летовите се пренасочени.Транспорт на возила, кои се оштетиле или расипале и пренос на расипани возила за поправка.Возење на празно товарно возило испратено да замени возило, кое се расипало во друга држава, како и повратното возење, по поправката на возилото што било расипано.Транспорт на жива стока во возила посебно наменети и трајно преуредени за превоз на жива стока и признаени како такви од надлежнте органи во соодветните земји-членки .Транспорт на резервни делови и залихи за прекуокеански бродови и воздухоплови . Транспорт на медицински залихи и опрема, потребни во итни случаи, посебно како одговор на природни катастрофи и хуманитарни потреби.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА8) Транспорт на уметнички дела и предмети за саеми и изложби за некомерцијални цели.9) Транспорт за некомерцијални цели на прибор, предмети и животни до и од театарски, музички, филмски, спортски или циркуски претстави, саеми или приредби како и наменети за радио снимања, или за филмски или телевизиски продукции.10) Транспорт на стока за сопствена сметка.11) Погребен транспорт.12) Поштенски транспорт што врши како јавна услуга.13) Транспорт на новокупени возила без товар до местото на нивната крајна дестинација. За горе наведените превози во возилото мора да има доказ за видот напревозот.  

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈАСо Белгија се разменуваат универзални поединечни транспортни дозволи и истите можат да се користаткако билатарални, транзитни и за и од трета земја. Дозволата важи за едно патување (повратно) воодење и враќање. Каква ќе биде дозволата зависи од нејзиното прво користење (ако се искористи воодење билатерално истата ќе се користи како билатерална дозвола и во повратното возење). Дозволатаважи до 31.01. наредната година. Дозволата мора да биде целосно пополнета пред да почнепатувањето и да се овери од страна на царински орган при влез на територија на договорната страна.При преминување на граница на место каде нема царина, возачот мора на местото за царинскиотпечат да го напише местото, датумот и часот на преминување на границата.Не се бараат дозволи или овластување за следните видови превоз и за возење празни возила во врска со таквиотпревоз :1. лични работи кога се врши преселба,2. материјал, предмети, уметнички дела наменети за аукција, изложби или опрема од некомерцијален карактер на територијата на другата договорна страна,3. материјал и предмети наменети исклучиво за рекламни и информативни цели,4. комплети и прибори, животни за театар, музички приредби, професионален филм или спортски настан, циркус, саеми што се одржуваат на територијата на другата договорна страна.5. Опрема за емитување или професионално звучно снимање, професионален филм или ТВ опрема,6. Превоз на посмртни остатоци,7. Превоз на возила кои претрпеле штета или се расипале,8. Превоз на поштенски пратки како јавна услуга,9. Превоз на пчели и рибни младенчиња,10. Превоз на стока со моторни возила, чија дозволена вкупна тежина, вклучувајќи ја тежината на приколката, не надминува 7,5 тона11. Превоз на медицинска стока и опрема или друга стока потребна за итни случаи, посебно за природни катастрофи и хуманитарна помош, За горе наведените превози во возилото мора да има доказ за видот на превозот.

 БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – БЕЛОРУСИЈАСо Белорусија се разменуваат два вида поединечни транспортни дозволи и тоа :1.Билатерално транзитни (за и од трета земја) доколку се транзитира сопствената држава дозволата секористи како дозвола за и од трета земја, дозволата се користи за еден превоз во одење и враќање и возависност како ќе се искористи со првиот превоз така треба да се користи и во повратниот превоз(билетерално – билетерално односно транзит – транзит)2.За и од трета земја – дозволата се користи за еден превоз во одење и враќање. Дозволите важат до 31.01. наредната година   ПРЕВОЗИ НА СТОКА ОСЛОБОДЕНИ ОД РЕЖИМ НА ДОЗВОЛИ :експонати, опрема и материјали за саеми и изложби,возила, животни и разна опрема и средства за спортски настани,театарски декорации и реквизити, музички инструменти, опрема за снимање филмови, радио и ТВ програми,посмртни остатоци,пошта,оштетени моторни возила кои се оштетени или претрпеле сообраќајна несреќа,имот за време на преселба, превоз на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајки ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајки ја и приколката,медицинска опрема и материјали за итна помош за време на природни непогоди.За горе наведените превози во возилото мора да има доказ за видот на превозот.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНАПревозот на стока со моторни товарни возила помеѓу Р.Македонија и Босна и Херцеговина како и во транзит и за и од трета земја вклучувајќи ги и повратните превози се врши без режим на дозволи – либерално. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈАСо Бугарија се разменуваат дозволи за и од трета земја, а билатералниот итранзитниот превоз е либерален (се вршат без дозволи). Дозволата е со рок наважење до 31.01. наредната година и важат за еден превоз во одење и враќање. Дозволи за и од трета земја не се потребни за превоз на стока во следните случаи: 1) транспорт на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајќи ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајќи ја и приколката;2) превоз на стоки од јавен аеродром и до јавен аеродром ако дојде до хаварија или друга несреќа на авион или ако авионот треба да слета поради изменетиот правец на принудно летање или ако се откажани авионските линии;3) Превоз на оштетени или хаварисани моторни возила како и превоз на превозни средства што имаат потреба од ремонт;4) Празни движења на моторно возило испратено да го замени расипаното или хаварисано возило во друга земја, а исто така и обратно движење на празно возило откако му бил извршен ремонт;5) Превоз на живина во посебно изградени или трајно реконструирани моторни возила за тој превоз и признати како такви од надлежните органи во земјата на регистрација;

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА6) Превоз на резервни делови и опрема за океански, морски и речни бродови и авиони;7) Превоз на стоки наменети за укажување на брза помош и особено при природни непогоди и за хуманитарна помош;8) Превоз на уметнички предмети и производи за саеми и изложби или за нетрговски намени;9) Превоз за нетрговски цели на реквизити, дел од опремата, прибор и животни за или од театарските, музичките, филмските, спортските или циркуските претстави, саеми, како и тие наменети за снимања за радио, филмска или телевизиска продукција;10) Првото движење за ново купените превозни средства;11) Превоз на посмртни остатоци;12) Патен превоз- меѓународен и внатрешен во почетната и крајната дестинација од комбинираниот превоз, во услови кога е користен од најблиското место на утовар или истовар, соодветен железнички терминал или речно или морско пристаниште за утовар и истовар на 50 км од местото на утовар и истовар на стоката;13) Превоз на покуќнина при селидба;14) Поштенски превоз;15)Превоз за сопствени потреби.За горе наведените превози во возилото мора да има доказ за видот напревозот. Дозволите во МТВ искористени или не се враќаат во рок од 45 дена од подигање.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНОНИЈА -ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Превозот на стока со моторни товарни возилапомеѓу Р.Македонија и Кралството Велика Британијакако и во транзит и за и од трета земја вклучувајќиги и повратните превози се врши без режим надозволи – либерално 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈАСо Германија во реципроцитет се разменуваат следните дозволи:1.Билетерално транзитни (за и од трета земја) определени според еуро стандард на возилото.Според времето на користење и бројот на превози кои можат да се извршат се делат на годишнии на краткорочни (за еден превоз во одење и враќање)Билатерално транзитните дозволи можат да се користат комбинирано во исто време и забилатерален превоз и за транзитен превоз. Во одење ако се искористи за транзитен превозво враќање може да се искористи како билатерална дозвола и обратно.Краткорочните дозволи се користат за еден превоз во одење и враќање и доколку не се искористи дозволата во враќање како последователен превоз односно возилото со друга дозвола ја поминало Германија (за и од трета земја или ЕКМТ дозвола) во тој случај дозволата сепоништува и неможе да се користи како пола неискористена со некој подоцнежен превоз.Со овие дозволи, превоз меѓу територијата на договорните страни и трета држава (за и од трета земја) се дозволува само ако при тоа се поминува по вообичаен пат низ територијата на земјата каде е регистрирано возилото. (Пример: превоз на стока од Германија за Бугарија со транзитно возење низ територија на Р.Македонија)2.Дозвола за и од трета земја определени според еуро стандард на возилото. Дозволата важи за еден превоз во одење и враќање и доколку не се искористи со повратновозење во минимален рок, а при тоа возилото ја транзитирало територијата на Германијаодносно на Р.Македонија со друга дозвола, автоматски се сметаат дека дозволата е искористена.Дозволите важат во тековната година за која се издадени и до 31.01 наредната година. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈАДозволи не се потребни за превоз на стока во следните случаи: 1) Возење во празни моторни возила, освен ако се работи за возила што претставуваат трговска стока,2) Превоз на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајќи ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајќи ја и приколката;3) Повремен превоз на авионска стока до и од аеродроми при пренасочување на авионскиот сообраќај;4) Превоз на живи животни;5) Превоз на лекови, медицински апарати и опрема, како и на други стоки наменети заукажување на хуманитарна помош во итни случаи (особено во случај на елементарни непогоди);6) Превоз на предмети и уреди наменети за театарски, музички или филмски изведби, за саеми и изложби или за радио, телевизиски или филмски снимања, доколку тие предмети или уреди бидат увезени или извезени само привремено;7) Превоз на посмртни остатоци;8) Превоз на оштетени возила или на возила кои треба да се поправат (репатријација)9) Превоз на покуќнина при селидба;10) Поштенски превоз;11) Превоз на багаж во приколки прикачени за автобуси,12) Превоз на контејнери за живеење, освен ако се работи за трговска стока.За горе наведените превози во возилото мора да има доказ за видот на превозот.

МЕМОРАМДУМ ЗА “ПРАКТИЧНИ МЕРКИ“ ВО ВРСКА СО ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ПОТПИШАНА ВО ЊУЈОРК 13.09.1995 ГОД. ПОМЕЃУ Р.МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА Превозот на стока за и од Грција како и во транзит низ нејзината територија се врши либерално без дозволи. Ова важи и во обратен случај за грчките превозници за стока која се превезува од и за Р.Македонија како и за транзитен превоз преку нејзината териотрија. Превозот на стока за и од трета земја и во двете земји може да се врши исклучиво со ЕКМТ дозволи. За Грција важи правилото дека првиот превоз во рамките на 2+3 возења со ЕКМТ дозвола (точка 3.16 од Упатството) мора да започнува со превоз на стока од Р.Македонија.

 БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ДАНСКАСо Кралството Данска се разменуваат во реципроцитет следните дозволи :1.Билатерално транзитни – поединечни транспортни дозволи важат за еден превоз во одење и враќање, дозволата станува онојвид на дозвола како што ќе се искористи со првото возење (билатерална во одење и билатерална во повратното возење илиобратно транзит-транзит), ако не се искористи дозволата за повратно возење во тој случај истата се поништува.2.За и од трета земја – дозвола која важи за превоз на стока од договорната земја за трета земја која е различна од земјата нарегистрација, важи за еден превоз во одење и враќање, ако не се искористи дозволата за повратно возење во тој случај истатаневажи за подоцнежни возења.Дозвола не е потребна за превоз на стока во следните случаи:1) Транспорт на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајќи ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајќи ја и приколката;2) Транспорт на возила кои се оштетени или расипани или транспорт на возила за поправка на возила во дефект;3) Движење на празно возило со товарно возило испратено да замени возило кое останало во дефект во друга држава, и исто така повратното патување, по поправката на возилото што било во дефект;4) Транспорт на живи стока, во специјално изградени или трајно реконструирани моторни возила за транспорт на жива стока и признати како такви од надлежните органи во земјата на регистрација;5) Транспорт на медицински средства и опрема потребна во итни ситуации, а особено во случаи на катастрофи и за хуманитарни потреби;6) Транспорт на уметнички дела и предмети за саеми и изложби или за некомерцијални цели;7) Транспорт за некомерцијални цели на имоти, средства и животни за или од театарски, музички, филмски, спортски или циркуски престави, саеми или изложби, и оние кои се наменети за снимања за радио емисии или филмска или телевизиска продукција;8) Транспорт за сопствени потреби;9) Транспорт на посмртни остатоци;10) Почетни и терминални делови – меѓународни и домашни - по пат за интермодален превоз, обезбедувајќи, одвоено, дека одобрениот превоз натоварен или празен, најблиската станица за утовар или истовар до местото на утовар или истовар се користи или дека речното или морското пристаниште за утовар или истовар е лоцирано на 50 км од местото на утовар или истовар на теретот.За горе наведените превози во возилото мора да има доказ за видот на превозот. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈАСо Естонија во реципроцитет се разменуваат Уневерзални дозволи кои можат да се користат какобилатерални, транзитни и дозволи за и од трета земја. Каква ќе биде дозволата зависи од првото користењена дозволата во одење, а исто така мора да се искористи и при повратното возење. Дозволата важи за еденпревоз во одење и враќање. Дозвола не е потребна за превоз на стока во следните случаи:1) Транспорт на стока со возило со дозволена носивост до 3.500 кг, вклучувајќи ја и приколката, или со возило кое не ја надминува најголемата дозволена маса од 6.000 кг вклучувајќи ја и приколката;2) Транспорт на повремени основи до или од аеродром во случај кога превозите се пренасочени;3) Транспорт на возила кои се оштетени или расипани или транспорт на возила за поправка на возила во дефект;4) Движење на празно возило со товарно возило испратено да замени возило кое останало во дефект во друга држава, и исто така повратното патување, по поправката на возилото што било во дефект;5) Транспорт на живи стока, во специјално изградени или трајно реконструирани моторни возила за транспорт на жива стока ;6) Транспорт на резервни делови или намирници за прекуокеански бродови и авиони 7) Транспорт на медицински средства и опрема потребна во итни ситуации, а особено во случаи на катастрофи и за хуманитарни потреби;8) Транспорт на уметнички дела и предмети за саеми и изложби или за некомерциални цели;Транспорт за некомерцијални цели на имоти, средства и животни за или од театарски,музички,филмски,спортски или циркуски престави, саеми или изложби, и оние кои се наменети за радио емисии или филмска или телевизиска продукција;10) Транспорт за преселба на покуќнина;11) Транспорт на посмртни остатоци;Почетни и терминални краци – меѓународни и домашни - по пат на комбиниран транспорт, обезбедувајќи одвоено, дека одобрениот превоз натоварен или празен, најблиската станица за утовар или истовар до местото на утовар или истовар се користи или дека речното или морското пристаниште за утовар или истовар е лоцирано на 50 км од местото на утовар или истовар на теретот.13) Превоз на пошта;14) Првото возење на новокупени моторни возила.За горе наведените превози во возилото мора да има доказ за видот на превозот. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ИРАНВо реципроцитет Македонија и Иран ги разменуваат следните видови на дозволи: 1.Билатерално транзитни дозволи – поединечни транспортни дозволи важат за еден превоз во одење и враќање, дозволата станува оној вид на дозвола како што ќе се искористи со првото возење (билетерална во одење и билетерална во повратното возење или обратно транзит-транзит), ако не се искористи дозволата за повратно возење во тој случај истата се поништува.2. Дозволи за и од трета земја - дозвола која важи за превоз на стока од договорната земја за трета земја која е различна од земјата на регистрација, важи за еден превоз во одење и враќање, ако не се искористи дозволата за повратно возење во тој случај истата неважи за подоцнежни возења.Дозвола не е потребна за превоз на стока во следните случаи:Оштетено моторно возило или негова приколка;Посмртни остатоци;Стоки со специјални возила во случај на преселување;Пошта;Еспонати наменети за саеми и изложби; Средства и друга опрема за театарски представи, музички и други културни настани, циркуски представи или за снимање на филм, радио и телевизија;Медицински средства и други материјали доставени како помош во случај на природни катастрофи како и хуманитарна помош;Празни возила за замена на оштетени возила и за превземање на стока од нив;Возила за техничка помош за оштетени возила (сервисирање и поправка на возилата)Возила со носивост од 3,5 тони или вкупна тежина помала од 7,5 тони.Во случаи на превози наведени во горниот став, возачот треба да ги има во возилото сите потребни документи како доказ.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈАМакедонија во реципроцитет со Италија ги разменува следните дозволи : 1.Билатерални дозволи (за сите возила и одредени според еуро стандард на возилата) – дозволата важи заеден превоз во одење и враќање. 2.Транспортни дозволи за македонски приколки – дозволи кои се применуваат доколку се организира комбиниранпревоз со фериброд. Транзитниот превоз на територија на договорните страни не подлежи на дозволи. Како транзитен превозсе смета превоз преку територија на една од двете договорни страни со дестинација кон трета земја, а при тоа да нема утоварили истовар на стока на територија на договорната страна преку која се врши транзитот. Превозот на стока за и од трета земја и во двете земји може да се врши исклучиво со ЕКМТ дозволи. ЗаИталија важи правилото дека првиот превоз во рамките на 2+3 возења со ЕКМТ дозвола (точка 3.16 одУпатството) мора да започнува со превоз на стока од Р.Македонија. Дозвола не е потребна за превоз на стока во следните случаи: 1.Превоз на умрени;2.Превоз на материјали наменети за изложби;3.Организиран превоз на стоки со дестинација на аеродроми или кои потекнуваат од аеродром во случај на менување налиниите;4.Превоз на багаж со приколки прикачени на возилата кои се применети за превоз на патници и превоз на багаж со каков и дае вид на возило, содестинација кон и од аеродроми;5.Поштенски пратки:6.Превоз на артикли потребни за лекување во случај на итни случаи пред се при елементарни непогоди;7.Превоз на вредносни стоки (пример скапоцени метали) со посебни возила во придружба на полицијата или на друга заштита;8.Превоз на резервни делови за поморски и воздушен сообраќај;9.Превоз на пчели и риби ;10.Превезување на празно возило наменето за превезување на празно возило наменето за превоз на стоки и наменето зазамена на возилото кое станало неупотребливо на територијата на другата договорна страна како и враќање на празно возилокое било во дефект по извршената поправка.Продолжување на превозот со заменетото возило ќе се изврши со користење надозволата издадена за возилото кое станало неупотребливо.Во случаи на превози наведени во горниот став, возачот треба да ги има во возилото сите потребни документи како доказ.Дозволите во МТВ , искористени или не се враќаат во рок од 45 дена.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ  Превозот на стока со моторни товарни возила помеѓу Р.Македонија и Големото војводство Луксембургкако и во транзит и за и од трета земја вклучувајќи ги и повратните превози се врши без режим надозволи – либерално. БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА Превозот на стока со моторни товарни возила помеѓу Р.Македонија и Швајцарија како и во транзит и заи од трета земја вклучувајќи ги и повратните превози се врши без режим на дозволи – либерално.БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈАПревозот на стока со моторни товарни возила помеѓу Р.Македонија и Унгарија како и во транзит и за иод трета земја вклучувајќи ги и повратните превози се врши без режим на дозволи – либерално.БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКАПревозот на стока со моторни товарни возила помеѓу Р.Македонија и Чешка како и во транзит иза и од трета земја вклучувајќи ги и повратните превози се врши без режим на дозволи – либерално.БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКАПревозот на стока со моторни товарни возила помеѓу Р.Македонија и Словачка како и во транзит и за иод трета земја вклучувајќи ги и повратните превози се врши без режим на дозволи – либерално.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – МОЛДОВАР.Македонија во реципроцитет со Молдова ги разменува следните дозволи: 1.Билатерално транзитна - дозволата важи само за еден превоз во одење или во враќање. Што значидека за вршење на превоз во два правца потребно е да се користат две дозволи, било тоа да е забилетерален или за транзитен превоз.2. Дозвола за и од трета земја - дозволата важи за еден превоз во одење или во враќање. За повратенпревоз потребна е друга дозвола.  Дозвола не е потребна за превоз на стока во следните случаи:1. За превоз на подвижни предмети при преселување;2. За превоз на телата на умрени и оние што се изложени на балсамирање и кремирање;3. За превоз на експонати наменети за саеми и изложби;4. За превоз на коли, велосипеди, животни, како и опрема и инвентар, наменет за одржување на спортски и театарски манифестации;5. За превоз на театарски декорации и реквизити, музички инструменти, опрема и прибор за аудио снимање, за снимање филмови, телевизиски емисии и театарски престави;6. За превоз на пошта;7. За превоз на оштетени транспортни средства.Исклучоци, предвидени во точка 3,4 и 5 од овој став се прават во оние случаи, кога стоката што се превезуваПодлежи на враќање во земјата во која е регистрирано тоа возило. Во случаи на превози наведени во горниот став, возачот треба да ги има во возилото сите потребнидокументи како доказ. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ЛАТВИЈАПревозот на стока во билатерала и транзит низ територија на Латвија односно Македонија елиберален без употреба на дозволи. Превозот на стока од и за трета земја е со режим на дозволи . Дозволите се заеден превоз во одење и враќање и важат до 31.01. наредната година.Билетералната Спогодбата помеѓу Македонија и Латвија е во процедура на потпишување. Дел од спогодбата ќе бидат и одредбите за превози кои ќе можат да се извршуваат за и од трета земја без употреба на дозволи.  БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ЛИТВАНИЈАСо Литванија се разменуваат во реципроцитет следните дозволи : 1.Билатерално транзитни поединечни транспортни дозволи кои важат за еденпревоз во одење и враќање, дозволата се дефинира каква ќе биде според првиотизвршен превоз, важноста им е до 31.01. во наредната година. 2.За и од трета земја поединечни транспортни дозволи кои важат за еден превозво одење и враќање, важноста им е до 31.01. во наредната година. Со Литванија не е потпишана Билатерална спогодба и сеуште не се дефиниранипревозите кои ќе бидат ослободени од режим на дозволи. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – МОЛДАВИЈАСо Молдавија нема потпишано Билатерална спогодба, но се разменуваат билатерално транзитни и поединечни транспортни дозволи за и од трета земја, дозволите се за по еден превоз во одење и враќање и важат до 31.01. наредната година.БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКАСо Норвешка во реципроцитет се разменуваат следните дозволи : 1.Билатерално транзитни поединечни транспортни дозволи кои важат за по еден превоз воодење и враќање, дозволата се дефинира каква ќе биде според првиот извршен превоз секористат за возила со Еуро стандард 1, 2 и 3.За возила со Еуро стандарди од 4 па нагоре превозот во билатерала и транзит елиберален, се бара во возилото да има сертификат од производител и ЕКМТ сертификат. 2.Дозволи за и од трета земја, за сите возила, важат за по еден превоз во одење и враќање  Дозволите се со важност до 31.01. во наредната година. ПРЕВОЗИ НА СТОКА ОСЛОБОДЕНИ ОД РЕЖИМ НА ДОЗВОЛИ : Во Билатералната спогодба не се дефинирани видови на превози кои се ослободуваат одкористење на транспортни дозволи. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА Со Полска во реципроцитет се разменуваат следните дозволи : 1.Дозволи за и од трета земја за сите видови возила, важат за еден превоз во одење и враќање,Дозволите се со важност до 31.01. во наредната година. Од 23.06.2014 година , билатерален и транзитен превоз се врши БЕЗ ПОЕДИНЕЧНИ ТРАНСПОРТНИ ДОЗВОЛИОслободени превози од режим на дозволи се : 1. Превоз на покуќнини при преселување,2. Превоз на оштетени возила и нивни приклучни возила,3. Превоз на посмртни останки,4. Превоз на експонати наменети за саеми и изложби,5. Превоз на опрема, други предмети и животни наменети за театарски , музички и други културни и спортски приредби, циркуски или филмски, телевизиски снимања и радиодифузни записи,6. Превоз на медикаменти и други средства, на стоки наменети за помош во случај на елементарни непогоди и за превоз на хуманитарна помош,7. Превоз што се врши со возила без товар , а кои што треба да заменат оштетени возила и да ја превезат стоката од возилата оштетени на територија на државата на една од договорните страни,8. Превоз што се врши со возила за техничка помош заради поправка на оштетени возила (сервисни возила)9. Превоз што се врши со возила со носивост до 3,5 Т и вкупна тежина со се товарот, приколката или полуприколката до 6 Т,10.Превози што се вршат за сопствени потреби.За секој превоз кој е наведен погоре во возилото мора да има документи со кои се потврдува дека е тоапревоз што не подлежи на режим на дозволи.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈАСо Романија во реципроцитет се разменуваат следните поединечни транспортни дозволи :1.Билатерално транзитни дозволи кои важат за по еден превоз во одење и враќање без плаќање на такса,дозволата се дефинира каква ќе биде споредпрвиот извршен превоз,2.Дозволи за и трета земjа без плаќање на такса , дозволата важи за по еден превоз во одење и враќање иДозволите имаат важност до 31.01. во наредната година.Превози кои се ослободени од режим на дозволи :1. Транспорт со возила чија вкупно дозволена тежина , вклучувајќи ја и приколката не надминува 7,5 Т или кога дозволената носивост вклучувајќи ја и приколката не надминува 3,5 Т,2. Транспорт на возила кои се оштетени или расипани или транспорт на возила за поправка на возила во дефект,3. Движење на празно возило со товарно возило испратено да замени возило кое останало во дефект во друга држава, и исто така повратното патување, по поправката на возилото што било во дефект,4. Транспорт на жива стока во специјално изградени или перманентно прилагодени возила за транспорт на жива стока и ако се прифатени како такви од компетентни органи во земјата на основање,5. Транспорт на медицински средства и опрема во кризни ситуации, а особено во случаи на природна катастрофа и за хуманитарни потреби,6. Транспорт на уметнички дела и предмети за саеми и изложба и за не комерцијални цели,7. Транспорт за не комерцијални цели на имоти, средства и живи за или од театарски, музички, филмски, спортски или циркуски изведби, саеми или изложби и оние кои се наменети за радио емисии или филмски или телевизиски продукции,8. Транспорт за сопствена сметка,9. Транспорт на посмртни останоци,10. Транспорт на покуќнина, За секој превоз кој е наведен погоре во возилото мора да има документи со кои се потврдува дека е тоа превоз што неПодлежи на режим на дозволи. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – РУСИЈАСо Руската Федерација во реципроцитет се разменуваат следните видови на дозволи :1.Билатерално транзитни поединечни транспортни дозволи, важат за еден превоз воодење и враќање, дозволата се дефинира каква ќе биде според првиот извршенпревоз 2.Дозволи за и од трета земја, важат за еден превоз во одење и враќање. Дозволите се со важност до 31.01. во наредната година.  БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈАНа реципрочна основа со Словенија се разменуваат дозволи за и од третаземја, а превозите во транзит и на билатерална основа се извршуваат безрежим на дозволи (либерално). Дозволите важат до 31.01. нареднатагодина.Дозволата за и од трета земја важи за еден превоз во одење и враќање,повратниот превоз може да се изврши најдоцна за 30 дена од датата напрвото користење.Не постои список на превоз на стока кој е ослободен од режим на дозволи.  

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА Со Србија на реципрочна основа се разменуваат поединечни транспортни дозволи (во транзит и билатераласамо за возила кои немаат определен еуро стандард) и тоа како следи : 1.Билатерални дозволи, кои важат за еден превоз во одење и враќање,2.Транзитни дозволи, кои важат за еден превоз во одење и враќање,3.Дозволи за и од трета земја, кои важат за еден превоз во одење и враќање и се однесуваат за сите возила без разлика на еуростандардот на возилото.Сите влечни возила кои поседуваат валидни сертификати заверени од производителот или од него овластен орган за определенеуро стандард (зелена боја) ослободени се од режим на дозволи за билатерален и транзитен превоз. Како доказ за Еуростандард се поднесува само сертификат за влечното возило, а за приклучните возила не е потребно, исто така не е потребен т.нЕКМТ сертификат (бела боја). Превози во билатерала и транзит за кои не е потребна поединечна транспортна дозвола без разлика на еуро стандард навозилото :1. превози на стоки при селидба со товарни возила прилагодени за таа намена,2. превоз на посмртни останки со посебни возила за таа намена,3. превоз на предмети за саеми, изложби и слично,4. превоз на тркачки коњи, тркачки автомобили и спортски реквизити за спортски натпревари,5. превоз на театарски декор и опрема,6. превоз на музички инструменти и материјал наменет за радиофонски, кинематографски или телевизиски снимања,7. превоз на стока до аеродром, односно од аеродромако се промени планот на редовниот лет на воздухопловот,8. превоз на опрема на автобуски приколки како ипревоз на багаж со било кој вид товарно возило ако местото на тргнување односно пристигнување е аеродром,9. превоз на празни автобуси како стока,10. превоз на хаварисани возила,11. Превоз на стока со товарни возила чија максимално дозволена вклучувајќи ги и приколиците не надминува 6 тона или чија дозволена носивост не надминува 3,5 тони. За точките 3,4,5 и 6 важи правилото дека животните и предметите мора да се вратат во земјата на регистрација на товарнотовозило. За сите овие превози важи правилото дека во возилото мора да има документи со кои се докажува видот на превозот.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈАВрз основа на Билатералната спогодба потпишана помеѓуМакедонија и Турција имаме либерален превоз на стока за полнивозила во билатерала и за сите возила во транзит низ територијатана договорните страни. Во реципроцитет се разменуваат следните дозволи : 1.Билатерални дозволи за влез на празни возила, се користат заеден превоз и важат до 31.01. во наредната година, 2.Дозволи за и трета земја, се користат за по еден превоз воодење и враќање и важат до 31.01. во наредната година.Дозволите во МТВ, искористени или не искористени се враќаатВо рок од 45 дена.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – УКРАИНАВо реципроцитет со Украина се разменуваат следните видови поединечни транспортни дозволи : 1.Универзални и за и од трета земја,2.Универзални - билатерален и транзитен превоз. Дозволата “универзални и за трета земја“ дава право за вршење билатерален, транзитен превоз и превоз за иод трети земја или комбиниран превоз, меѓутоа не повеќе од два пати во текот на едно кружно возење(билатерален + за/од трета земја; за/од трета земја + транзит; билатерален + транзит). Универзалните –билатерален и транзитен превоз, даваат можност за вршење на по еден превоз во одење и враќање и тоасамо билатерален или само транзитен, видот на дозволата се одредува со видот на превозот при прватаупотреба на истата. За поединечните транспортни дозволи со еуро предзнак односно т.н “зелени“ во возилото мора да се носикако доказ Сертификат заверен од производителот или од него овластено тело (зелена боја), а за приклучнотовозило не е потребно да се поседува никаков сертификат. Превози ослободени од транспортни поединечни дозволи : 1.Транспорт со возила чија вкупна тежина вклучувајќи ја и приколката не надминува 6Т или кога дозволенатаносивост, вклучувајќи ја и приколката не надминува 3,5 Т,2.Транспорт на возила кои се оштетени или расипани или транспорт на поправени возила,3.Движење на празно товарно возило кое е испратено да замени возило кое се расипало во другата државаисто така повратното движење, по поправката на возилото што било расипано.4. Транспорт на пчели и рибни младенчиња,Транспорт на медицински средства и опрема потребни во итни ситуации во случаи на катастрофи и захуманитарни потреби,6. Транспорт на уметнички дела и предмети за саеми и изложби,7. Транспортот на имот, средства и животни за или од театарски, музички, филмски, спортски или циркускиизведби, саеми или изложби и оние кои се наменети за радио емисија или филмска или телевизискапродукција,8. Транспорт на посмртни остатоци. За сите овие превози важи правилото дека во возилото мора да има документи со кои се докажува видот на превозот.  

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈАВо реципроцитет со Франција се заменуваат следниот вид на поединечни транспортни дозволи : 1.Билатерално транзитни поединечни транспортни дозволи со можност да се користат и како дозвола за и од трета земја доколкусе транзитира земјата на регистрација на возилото, важат за еден превоз во одење и враќање. Важноста на дозволите е до 31.12.во тековната година. Каков вид на дозвола ќе биде се дефинира при првото користење на дозволата (само билатерална или самотранзитна)  2.Годишни билатерално транзитни поединечни транспортни дозволи со можност да се користат и како дозвола за и од трета земјадоколку се транзитира земјата на регистрација на возилото, важат за неограничен број на превози во одење и враќање. Важностана дозволите е до 31.12. во тековната година. 3.Дозволи за и од трета земја, се користат за еден превоз во одење и враќање, а важноста им е до 31.12. во тековната година.  Превози ослободени од режим на дозволи : 1. Превоз од хуманитарен карактер ,2. Превоз со возила чија вкупна тежина вклучувајќи ја и приколката не надминува 6 Т или кога дозволената носивост , вклучувајќи ја и приколката не надминува 3,5 Т,3. Превоз на предмети и уметнички дела за саеми, изложби или промоции,4. Повремен превоз на предмети и материјали наменети исклучиво за реклама и информирање,5. Превоз при селидба, вршен од страна на претпријатија кои располагаат со специјализиран персонал и опрема,6. Превоз на опрема, реквизити и животни за или од театарски, музички, кинематографски, спортски, циркуски манифестации, саеми или панаѓури како и превозот на опрема за снимање во доменот на радиофонијата, кинематографијата или телевизијата,7. Превоз на багаж со приколки закачени на возила кои пренесуваат патници,8. Превоз на поштенски пратки,9. Влегување на возила за помош на пат и влечна служба, како и превоз на оштетени возила,10. Превоз на посмртни останки. За сите овие превози важи правилото дека во возилото мора да има документи со кои се докажува видот на превозот. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈАСо Холандија во реципроцитет се разменуваат Универзални поединечни транспортни дозволиКои можат да се користат за сите три вида на превози: билатерален, транзитен и за и од третаземја. Врз основа на првото користење на дозволата се одредува видот на превозот и заповратниот превоз (пример: билетерала во одење, билатерала во повратен превоз и т.н).Дозволите се користат за по еден превоз во одење и враќање и важат до 31.01.во наредната година.Видови на превоз или празно возење на возила за извршување на превози кои сеослободени од користење на режим на дозволи :1. Превоз на поштенски пратки како јавна услуга,2. Превоз на возила кои претрпеле штета или се расипале,3. Превоз со возила чија вкупна тежина вклучувајќи ја и приколката не надминува 6 Т или кога дозволената носивост, вклучувајќи ја и приколката не надминува 3,5 Т,4. Превоз на медицинска стока и опрема или друга стока потребна во итни случаи, особено за природни катастрофи.За сите овие превози важи правилото дека во возилото мора да има документи со кои седокажува видот на превозот.

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКАВо реципроцитет со Хрватска се разменуваат следните дозволи : Дозволи за и од трета земја , за по еден превоз во одење и во враќање, важат до31.01. во наредната година.Билатералниот и транзитниот превоз се либерални без примена на дозволи. Превоз на стока за која не е потребно да се поседува поединечна транспортнадозвола:1. Превоз на предмети од или за аеродром во случај на хаварија и други несреќи на авиони или во случај на слетување на авиони поради присилно променет правец на летање или во случај на откажување на авионските линии,2. Превоз на оштетено возило и негова приколка,3. Превоз на посмртни остатоци ,4. Превоз на предмети при селење во соодветни специјални возила. За сите овие превози важи правилото дека во возилото мора да има документисо кои се докажува видот на превозот. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРАСо Црна Гора во реципроцитет се разменуваат само дозволи за и од трета земја, коикористат за по еден превоз во одење и враќање, дозволите важат до 31.01. вонаредната година Исклучок од систем на дозволи има за следните превози : 1. Превоз со возила чија вкупна тежина вклучувајќи ја и приколката не надминува 6 Т или кога дозволената носивост, вклучувајќи ја и приколката не надминува 3,5 Т,2. Повремен превоз до или од аеродроми во случаи кога редовните авионски линии се пренасочени,3. Превоз на возила кои се оштетени или кои се расипани, како и превоз на тие возила за поправка,4. Движење на празно товарно возило испратено да замени возило кое е расипано на територија на една од договорните страни, а исто така и движењето при враќање, после поправката, на возилото што било расипано.5. Превоз на живи животни,6. Превоз на резервни делови и животни намирници за авиони и прекуокеански бродови,7. Превоз на медицински материјал и опрема потребни за итни случаи, особено во случај на природни катастрофи и хуманитарни потреби,8. Превоз на уметнички дела или предмети за саеми и изложби или за не комерцијални цели,9. Превоз, за некомерцијални цели на имоти, прибор и животни до и од театарски, музички, филмски, спортски, циркуски или саемски приредби, како и оние што се наменети за радио снимања, филмска и ТВ продукција,10. Превоз на посмртни остатоци.  За сите овие превози важи правилото дека во возилото мора да има документи со кои се докажувавидот на превозот. 

БИЛАТЕРАЛНА СПОГОДБА МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈАСо Шпанија во реципроцитет се разменуваат само УНИВЕРЗАЛНИ поединечни транспортни дозволи кои сеупотребуваат за билатерален, и превоз од и за трета земја. Дозволата важи за еден превоз во одење ивраќање. Каков вид ќе биде дозволата зависи од нејзиното прво користење во одење (пр. Билетерална и вовраќање мора да се користи за билатерален превоз). Дозволите се со важност до 31.12. во тековната година. Транзитниот превоз е либерален. Во билетерала не се потребни дозволи за превоз : 1. Превоз на поштенски пратки ,2. Превоз на возила оштетени или што треба да се поправат,3. Превоз на ѓубре и други отпадоци,4. Превоз на мртви тела на животни за касапење,5. Превоз на пчели и рибен подмладок,6. Превоз на посмртни остатоци,7. Превоз со возила чија вкупна тежина вклучувајќи ја и приколката не надминува 6 Т или кога дозволената носивост, вклучувајќи ја и приколката не надминува 3,5 Т,8. Превоз на потребни артикли за медицинска помош во случај на помош во итни случаи, посебно на случаи на природни катастрофи,9. Превоз на скапоцности (односно скапоцени метали) што се врши со специјални возила, придружувани од полицијата или било какви други сили за обезбедување,10. Превоз на уметнички предмети и дела за изложби и саеми,11. Превоз на предмети и материјали наменети за реклама и информирање,12. Превоз на прибор и животни наменети за или што се враќаат од музички изведби, театарски престави, филмови , спортски и циркуски настани или саеми, како и предмети наменети за снимање емисии или филмови или телевизиски програми. За сите овие превози важи правилото дека во возилото мора да има документи со кои се докажува видот напревозот.